Пред Македонија има само уште една пречка до Мундијалот во Катар, а тоа е селекцијата на Португалија, една од најголемите ѕвезди на оваа репрезентација, Жоа Мутињо порача дека на неговата репрезентација нема да и биде лесно против Македонија.
Мутињо беше искрен дека очекувале дерби со Португалија, но свесен е дека тешко ќе им биде против македонската репрезентација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Очекувавме да играме против Италија, нема да лажеме, меѓутоа ќе ни биде тешко и против Македонија. Фудбалот е различен, сите тимови можат да победат без разлика на имињата на фудбалерите во нивните редови“.
Испрати пофалби за Македонија.
„Македонија има одличен тим и тоа го докажаа против европскиот шампион. Свесни сме дека не чека тешка задача, не смееме да ја потцениме Македонија затоа што многу добро се бранат и имаат добра организација“, изјави Мутињо.
Натпреварот помеѓу Португалија и Македонија се игра во вторник од 20:45 часот.