Дома Фудбал Англија Мурињо ќе го „пречкрта“: Играч на Тотенхем по трет пат ги прекрши правилата

Мурињо ќе го „пречкрта“: Играч на Тотенхем по трет пат ги прекрши правилата

Дефанзивецот на Тотенхем, Серж Орие по трет пат ги наруши мерките за самоизолација и го налути клубот, кој откри дека ќе започне истрага.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На својот профил на Инстаграм Орие објави фотографија од фризерски салон со која се издаде дека ги нарушил правилата за изолација. Фризерските салони немаат право да работат на Островот до 4-ти јули.

За проблемот да е поголем, ова се случува во време кога се прават првите тестови за коронавирус и фудбалерите се враќаат на тренинг под строги услови и протоколи.

Од таборот на Тотенхем само кратко порачаа дека во тек е истрага и ќе следи санкција доколку се докаже дека Серж Орие ги прекршил правилата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал во жестока трка за фудбалер на Манчестер сити – нуди 46,5 милиони фунти

Арсенал ги промени своите планови за летото, со тоа што „TeamTalk“ објави дека играчот од …