Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо се пошегува дека во моментов само двајца луѓе веруваат дека „спарси“ моѓат да го победат лидерот Ливерпул.
Тотенхем го пречекува Ливерпул на својот стадион, а при победа „црвените“ ќе постигнат рекорд за најдобар старт во историјата на 5-те најсилни лиги во Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Кога работев за „Скај“ кажав дека Ливерпул ќе биде шампион, а тоа беше пред три месеци. За мене тоа не е изненадување, тие се најдобриот тим во лигата. Ова е голем меч и би претпочитал да играм против нив со најдобриот тим кој го имам, но за жал нема да биде така. Во оваа сала веројатно само двајца луѓе веруваме дека може да победеме (Мурињо го прегрна пиарот на Тотенхем). Вие што не верувате може да излезете“, се насмеа Мурињо.
Great moment from Jose Mourinho on being one of two people who believe Tottenham Hotspur can beat Liverpool tomorrow ? #COYS pic.twitter.com/PDDADr3xY7
— Talking THFC (@TalkingTHFC) January 10, 2020