Неочекуваната елиминација во Лигата на шампиони од Севиља го натера Мурињо сериозно да размисува за реконструкција на тимот и нови засилувања.
Мурињо имал состанок со сопствениците на клубот и им открил дека сака четири нови фудбалери на лето, со цел следната сезона да се бори за титулата во Премиер лигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како прво, Мурињо сака да ја засили одбраната каде во моментов е задоволен само од игфрите на Ерик Баи. Најголема желба на „Специјалниот“ е Самуел Умтити, а како алтернатива се споменува Тоби Алдервајлед од Тотенхем.
Односите помеѓу Мурињо и Погба во последно време се многу лоши, а доколку не дојде до подобрување, тогаш Французинот сигурно ќе биде продаден. Англиските медиуми тврдат дека како негова замена „црвените ѓаволи“ го сакаат Марко Верати, а голема желба за средниот ред е и Тони Крос.
Јасно е дека на Манчестер Јунајтед му се потребни значајни промени, а останува да видиме дали Мурињо ќе успее да ги донесе споменатите фудбалери на „Олд Трафорд“.