Дома Трансфер зона Мурињо тргнува по својот миленик од Реал Мадрид

Мурињо тргнува по својот миленик од Реал Мадрид

Манчестер Јунајтед оваа сезона со освојувањето на Лигата на Европа успеа да обезбеди пласман во најелитното натпреварување во Европа, па сега потребни се нови засилувања.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ќе има доволно средства за ова лето да направи силен тим кој следната сезона ќе може да се бори на три фронта – Премиер лигата, Лигата на Шампионите и во Купот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пишува „Sky Sports“, кој секогаш е добро информиран кога станува збор за трансферите, Мурињо е заинтересиран за доведување на својот миленик од Реал Мадрид, Рафаел Варан.

Жозе Мурињо во Реал Мадрид го донесе Рафаел Варан во 2011. година од Ленс за 10 милиони фунти и под негово водство Варан често добиваше прилика во стартниот состав на „Кралевите“.

Според истиот извор, Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 50 милиони евра за одличниот дефанзивец, па останува да видиме каков ќе биде одговорот од „кралевите“ на ваквата понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…