Приоротет на Жозе Мурињо во летниот преоден рок ќе биде еден врвен дефанзивец со кој ќе може да го реши проблемите во одбраната, пренесуваат англиските медуми.
Виктор Линделоф кој пристигна минатото лето не ги оправда очекувањара, а Крис Смолинг и Фил Џонс не се калибар каков што сака „Специјалниот“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Медиумите на Островот откриваат дека најголема желба на Мурињо е Самуел Умтити од Барселона.
24-годишниот репрезентативец на Франција има петгодишен договор со Барселона и откупна клаузула од 60 милиони евра. Манчестер јунајтед е подготвен да ја плати откупната клаузула за да го донесе Умтити на „Олд Трафорд“.
Свесни дека откупната клаузула во договор на Умтити е мала челниците на Барселона започнаа преговори со преставниците на дефанзивецот за потпишување на нов договор, со кој играчот би добил поголема плата, а би била и зголемена откупната клаузула.
Според шпанските медиуми првата рунда на преговори помеѓу Барселона и менаџерот на Умтити завршила неуспешно.