Дома Топ вести Мурињо тргнува во акција: Создава феноменално трио во средниот ред

Мурињо тргнува во акција: Создава феноменално трио во средниот ред

Манчестер Јунајтед ова лето беше еден од тимовите кои уште во раната фаза од трансфер периодот ги заврши сите посакувани трансфери. Уште во јули потпишаа со Линделоф, Лукаку и Матиќ, а подоцна пристигна само Златан.

Сега сакаат да бидат уште побрзи од оваа сезона, па уште од сега да се обидат да завршат еден трансфер за следното лето. Имено, Мурињо во својата екипа би сакал да го види 20-годишниот шпански интернационалец, Карлос Солер.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Младиот репрезентативец на Шпанија падна во окото на скаутите на Јунајтед уште минатата сезона, кога дебитираше во првиот тим на Валенсија.

Мурињо, наводно, со него ја гледа комплетната средина на теренот, верува дека Солер одлично би се вклопил со Погба и Матиќ. Тој оваа сезона е стандарден во составот на Валенсија, на девет настапи постигна еден гол, а запиша четири асистенции.

Има откупна клаузула од 75 милиони фунти, но во Јунајтед се надеваат дека би можеле да го добијат за двојно пониска цена, па за почеток ќе понудат 30 милиони фунти за неговите услуги.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…