Мурињо одлично ја започна својата авантура на кормилото на Тотенхем, но сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
Поразот од Челзи пред неколку дена на домашен терен покажа дека тимот на Мурињо е „ранлив“ и дека му се потребни засилувања.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Медиумите на Островот откриваат дека Тотенхем спрема спектакуларен трансфер во јануари и би можел да го врати Герет Бејл во Лондон.
Тотенхем планира во понудата да го вклучи Кристиан Ериксен плус 30 милиони евра за потписот на Бејл.
Бејл сака да се врати во Премиер лигата, а од друга страна Ериксен е на излезна врата и веќе подолго време е желба на „кралевите“.