Дома Трансфер зона Мурињо со дефанзивец од Мадрид го решава најголемиот проблем?

Мурињо со дефанзивец од Мадрид го решава најголемиот проблем?

Шпанските медиуми пренесуваат дека првите чекори се веќе направени.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Жозе Мурињо е во потрага по нов стопер.

Изминатото лето со Манчестер Јунајтед се поврзуваа Хари Мегваер, Тоби Алдервилд, Жером Боатенг, Диего Годин...Сепак, на крајот никој не заврши на „Олд Трафорд“.

Сега медиумите во Шпанија пишуваат дека нова мета на Жозе Мурињо е Лукас Ернандез од Атлетико Мадрид. „Марка“ тврди и дека првите конатакти се веќе воспоставени.

Наводно, од таборот на „ѓаволите“ се спремни добро да платат за 22 годишниот Французин кој во својот договор има откупна клазула од 80 милиони евра.

Репрезентативецот на Франција може да игра и на позицијата лев бек, место на кое Мурињо исто така има проблем, барем според неговите стандарди.
Со Ернандез во текот на летото се поврзуваше и Реал Мадрид, но немаше ништо конкретно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…