Дома Фудбал Италија Мурињо: Сигурни ли сте дека Јувентус нема 59 бодови? Сепак сме во Италија…

Мурињо: Сигурни ли сте дека Јувентус нема 59 бодови? Сепак сме во Италија…

Рома вчера го победи Торино со голот од пенал на Дибала уште во осмата минута од натпреварот и така „волчицата“ дојде до третото место во Серија А, Милан сега е четврти, додека Интер повеќе не е во топ четири.

Мурињо по натпреварот го „пецна“ и Јувентус поради казната од 15 бодови. Во овој момент, „старата дама“ има 44 бодови, а во тек е процесот на жалба, дел од италијанските медиуми најавуваа можно враќање на бодовите и во таков случај Јувентус би скокнал до втората позиција со 59 бодови, Лацио во овој момент е второпласиран со 58 бодови, Рома има 53.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Дали сум задоволен од тоа што сме трети? Сигурни ли сте вие дека Јувентус нема 59 бодови? Сепак ова е Италија…“, прокоментира Мурињо.

Новинарите го запрашаа и за победите од 1:0 по кои во кариерата Жозе стана препознатлив.

„Во натпреварот победувате кога ќе постигнете еде нгол повеќе од противникот. Нема разлика дали тоа ќе биде 1:0 или 5-4. Кој ќе постигне повеќе голови тој ќе победи“, истакна португалскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познат терминот за Мундијалот за жени во 2027 година

Бразил во мај ја победи заедничката кандидатура на Германија, Белгија и Холандија за домаќ…