Дома Фудбал Останато Мурињо: Рома не изгуби од Севиља во финалето на Лига Европа

Мурињо: Рома не изгуби од Севиља во финалето на Лига Европа

Рома вечерва ја отвора европската сезона со гостувањето кај молдавскиот Шериф во првото коло од Лигата на Европа.

Тимот на Жозе Мурињо минатата сезона беше поразен во финалето од ова натпреварување, а претходно ја освои Конференциската лига против Фејенорд. Мурињо пред дуелот со Шериф зборуваше за изгубеното финале против Шпанците.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ќе продолжам да го зборувам тоа до последниот ден додека сум тренер – не го изгубивме финалето во Лигата на Европа против Севиља. Во Будимпешта не изгубивме и никогаш нема да го сменам тоа мислење“, изјави Мурињо кој во тоа финале беше незадоволен од судењето на Ентони Тејлор.

Ќе потсетиме, Севиља ја победи Рома по подоброто изведување на пенали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…