Дома Фудбал Англија Мурињо прогласи крај на „војната“ со Конте, но и го „боцна“ Италијанецот

Мурињо прогласи крај на „војната“ со Конте, но и го „боцна“ Италијанецот

Иако Жозе Мурињо и Антонио Конте тврдат дека вербалната „војна“ е завршена, менаџерот на Манчестер Јунајтед повторно го „боцна“ Италијанецот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Ѓаволите“ денес со почеток во 20:45 часот играат против Стоук во рамките од 23 коло во Премиер лигата, а Португалецот на конференцијата за медиуми зборуваше за конфликтот со менаџерот на „сините“.

„Кога јас ќе започнам расправија, тогаш ја превзимам одговорноста, тоа го направив многу пати. Кога тоа нема да го направам, прилично е смешно за оние од другата страна да се однесуваат како жртви иако не се. Сепак, навистина не ужива во тоа, поради тоа за мене ова е завршено“.

„Да некогаш јас правам проблеми, но дел од случаите тоа не беше така. Моја грешка беше кога влегов во конфликт со Раниери, но поради тоа му се извинив. На крајот нашиот однос од лош стана многу добар, бидејќи јас бев господин и сфатив дека погрешив“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Симеоне не сака Хулиан Алварес да остане по секоја цена

Главниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ја разбира позицијата на клубското рако…