Португалскиот тренер Жозе Мурињо со Рома пристигна на подготовки во Португалија пред да продолжи сезоната во јануари.
Мурињо се споменуваше како прва опција за нов селектор на Португалија, со тоа што наводно му било понудено да ја тренира и Рома во исто време, меѓутоа засега не е познато дали ќе добие „зелено светло“ од Рим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Новинарите го пречекаа Мурињо и го нападнаа со прашања за тоа дали ќе ја преземе репрезентацијата, но сепак Португалецот не даде одговор.
Мурињо има договор со Рома до 2024 година, а минатата сезона им го донесе првиот трофеј во европските натпреварувања по шест децении на Римјаните.
✈️ L’arrivo della #ASRoma in Portogallo 📍
— laroma24.it (@LAROMA24) December 15, 2022
🎥 I giornalisti lusitani assalgono #Mourinho, ma il tecnico giallorosso non risponde alle domande sulle voci che lo accostano alla panchina della nazionale portoghese 🇵🇹#Algarve #ritiroRoma pic.twitter.com/db364iM7K2