Медиумите ширум Европа со месеци пишуваат дека Жозе Мурињо и Пол Погба се во лоши односи.
„Специјалниот“ постојано ги демантираше таквите натписи и го бранеше Погба поради лошите партии, но сега го загуби трпението.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Прашајте го него зошто игра толку лошо. Кога ќе имате прилика прашајте го што мисли за својата форма. Убеден сум дека е целосно здрав после повредата ан мускулот во ноември. Тоа беше тешка повреда, но се опорави“, порача Мурињо.
Погба постигна фантастичен гол за француската репрезентација, меѓутоа во Манчестер и понатаму чекаат да „блесне“.
„Неговата повреда требаше да се реши со операција, но тој сакаше конзервативно лечење. Во моментов е целосно опоравен и таа повреда не може да има влијание на неговите партии во моментов“, додаде Португалецот.