Манчестер Јунајтед загуби во вчерашното дерби од 25 коло во Премиер лигата.
„Ѓаволите“ го одиграа еден од најлошите натпревари оваа сезона, а Тотенхем поведе после само 11 скунди игра, за во 28 минут Фил Џонс да си постигне автогол за 2:0.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Мислам дека баш и не е нормално да примите гол после само неколку секунди. Смешни се двата гола кои ги примивме. Првиот е плод на низа грешки кои ги направивме. Тоа едноставно ве убива, Тотенхем после тој погодок играше како што сакаше“, изјави Мурињо.
Од друга страна Покетино беше презадоволен.
„Ова можеби беше и наш најдобар натпревар на „Вембли“. Доминиравме, не примивме гол и одигравме без грешки. Сега сме во позиција да се бориме за првите четири места“, истакна Аргентинецот.