Дома Фудбал Англија Мурињо повторно победник – Ова се најдобрите двајца фудбалери на Јунајтед!

Мурињо повторно победник – Ова се најдобрите двајца фудбалери на Јунајтед!

Португалецот, Жозе Мурињо повторно одработи одличен преоден рок.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, според оценките најдобри фудбалери на Манчестер Јунајтед во досегашниот дел од сезоната се Немања Матиќ и Ромелу Лукаку.

„Manchester Eveninng“ ги објави оценките на Јунајтед во досегашниот дел од сезоната, а Матиќ и Лукаку се оценети со 9.

„Немања Матиќ ќе остане запаметен како најдобро засилување за Манчестер Јунајтед оваа сезона. Тој го направи Јунајтед повторно силен, а на својата позиција направи се за да му помогне на Пол Погба“, наведува овој извор.

За Лукаку кој како што кажавме ја доби истата оценка беше напишано дека би можел да го достигне успехот на Руд Ван Нистерлој кој постигна 36 погодоци во една сезона.

Зад нив со „осмица“ следуваа: Де Геа, Ерик Бејли, Фил Џонс, Хенрик Микхтаријан, Ентони Марсијал и верувале или не, Ешли Јанг кој експлодираше како лев бек.

Најлошо оценет фудбалер е Лук Шо кој доби „четворка“, а за најлошо засилување беше избран Виктор Линделоф кој доби „петка“ исто како Матео Дармијан и Блинд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Силва ја „отпиша“ Бенфика, два клуба се „тркаат“ за неговиот потпис

Сега веќе легендарниот фудбалер на Манчестер Сити, Бернардо Силва, сè уште не одлучил каде…