Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо го коментираше поразот на својот тим од Ливерпул со резултат 0:1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Моу го искажа своето мислење за стартот на Енди Робертсон во 66. минута од натпреварот. Според многумина, левиот бек на Ливерпул требаше да добие црвен картон, но судиите не досудија ништо и не го искористија ВАР системот.
“Ливерпул имаше среќа. Можеше да ја заврши средбата со 10 играчи, но во тоа време судиите во ВАР собата пиеја чај и не го гледаа стартот на Робертсон”. – изјави Мурињо и додаде:
„Судиите си ја добро завршија работата, но оние од другата страна не виделе дека Мане ја допре топката во нападот пред погодокот.“