Дома Фудбал Мурињо плати данок од 3.3 милиони евра и изјави: Случајот е затворен!

Мурињо плати данок од 3.3 милиони евра и изјави: Случајот е затворен!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо потврди дека платил 3,3 милиони евра на шпанските власти со цел да се ослободи од обвиненијата за затајување на данок.

Поранешниот тренер на Реал Мадрид беше обвинет дека во период од 2011 до 2012 година затаил данок во износ од 3.300.670 евра. Шпанското обвинителство објави дека тој не ги пријавил приходите од продажбата на своите фотографии.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Мурињо во петокот се појави пред шпанскиот суд, а по излегувањето „Специјалниот“ на новинарите има потврди дека случајот е затворен.

„Прво ми беше кажано дека мојата даночна состојба е легална. Неколку години подоцна ми беше кажано дека е отворена истрага против мене, дека тоа морам да го средам и да платам одредена сума на пари. Не се бунев, платив и случајот е затворен“, изјави Мурињо.

Бројни спортисти изминатите години се цел на шпанските даночници. Лео Меси, Кристиано Роналдо, Марсело, Рикардо Карваљо, Анхел ди Марија, Радамел Фалкао, Хавиер Маскерано и Фабио Коентрао се само некои од фудбалерите кои се под истрага на шпанските даночни органи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн Минхен и Милан се „тепаат“ за потписот на Де Зерби

Неколку европски гиганти покажуваат силен интерес за италијанскиот тренер Роберт де Зерби.…