До почетокот на Светското првенство во Русија на „Олд Трафорд“ би требало да бидат претставени две засилувања.
„Црвените ѓаволи“ позади себе имаат неуспешна сезона, без освоен трофеј и со цели 19 бода зад градскиот ривал.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поради тоа Мурињо сака значително да го засили тимот за следната сезона, особено во одбраната и средниот ред.
Првото засилувања според некои медиуми е договорено, а станува збор за бразилскиот репрезентативец Фред. Тој има откупна клаузула од 50 милиони фунти во договорот со Шахтјор, која „црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат.
Второто засилување би требало да биде Тоби Алдервајлед од Тотенхем. Белгиецот одби да го продолжи договорот со „спарси“ и наводно веќе се договорил со Манчестер Јунајтед, па останува двата клуба да ја договорат отштетата.
Manchester United want to complete the double signing of Fred and Toby Alderweireld before the World Cup starts next month. (Source: The Times) pic.twitter.com/mPRrRjPbjK
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 25, 2018