Горан Пандев е македонскиот амбасадор за Суперкупот на УЕФА, но тој нема да биде денес во Скопје, поради професионалните обврски во екипата на Џенова.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пандев играше под палка на Жозе Мурињо во Интер и беше еден од клучните играчи во походот на Лигата на шампионите.
„Не сакам да бидам во позиција во која што е мојот колега во Џенова. Тој би можел да каже дека не е моја работа да коментирам. Единствено можам да кажам дека Горан е најдобриот играч во македонската историја. Тој е звучно име тука. Приватен авион може да направи чуда. Пандев може да дојде само за натпреварот и да си замине оттука“, рече Мурињо.
Тренерот на Џенова Иван Јуриќ, не му дозволи на Пандев да дојде во Скопје, поради обврски со тимот.