Дома Фудбал Останато Мурињо објасни зошто Турпан е „еден од најдобрите“ во светот и ги насмеа сите во студиото 🎥

Мурињо објасни зошто Турпан е „еден од најдобрите“ во светот и ги насмеа сите во студиото 🎥

Во вчерашниот натпревар од Лигата на Европа, Фенербахче и Манчестер Јунајтед ремизираа 1:1. Турскиот гигант создаде повеќе прилики, но на крајот не успеа да дојде до победата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Жозе Мурињо не го дочека крајот на натпреварот на клупата и во 58. минута заработи црвен картон. Португалецот сметаше дека не го заслужил, а по натпреварот и иронично го коментираше судијата Клемен Турпан.

„Не би сакал многу да зборувам за тоа, но тоа што тој ми го кажа е навистина неверојатно. Ми кажа дека успеал во исто време да ја види акцијата во шеснаесетникот и моето однесување крај аут линијата.

 Му честитам затоа што е навистина фантастично да имаш една таква визија и за време на натпреварот да имате едно око во шеснаесетникот и едно на клупата за моето однесување. Такво објаснување ми даде. Затоа е еден од најдобрите во светот“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона ќе го доведе Кансело за неколку дена

Португалскиот десен бек Жоао Кансело е сè поблиску до комплетирање на преминувањето во Бар…