После доаѓањето на Алексис Санчез, Мурињо е решен да ја засили и одбраната, а прва желба е играчот на Наполи и алжирски репрезентативец, Фаузи Гулам.
Алжирскиот лев бек неодамна го продолжи договорот со Наполи, а во него има откупна клаузула која изнесува 60 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според италијанските медиуми Мурињо е спремен да ја плати откупната клаузула, па наскоро би требало да започнат преговори со агентот на фудбалерот.
Гулам е комплетно опоравен од повредата која ја заработи во ноември и е спремен да се врати на терените, а Наполи веќе бара негова замена и е блиску до договор со Бенфика за трансфер на Грималдо.