Дома Трансфер зона Мурињо не го скаутирал Алдервајлед, туку друг Белгиец!

Мурињо не го скаутирал Алдервајлед, туку друг Белгиец!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо репрезентативната пауза како и обично ја искористи за во живо да скаутира фудбалери кои би можел да ги донесе во својот тим.

Минатата недела Мурињо во живо го гледаше мечот помеѓу Белгија и Исланд во Лигата на нации, а медиумите веднаш побрзаа да заклучат дека „Специјалниот“ го следел дефанзивецот на Тотенхем, Тоби Алдервајлед.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, белгиските медиуми сега ја открија вистинската причина за присуството на Мурињо, а тоа е Аксел Витсел кој ова лето пристигна во Борусија Дортмунд.

Вител после Мундијалот ја прекина авантурата во Кина и се врати во Европа, каде игра фантастични партии во дресот на „милионерите“.

Мурињо е инпресиониран од неговата форма оваа сезона и сака да го донесе Белгиецот на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…