Дома Фудбал Англија Мурињо на челниците на Јунајтед им ги соопшти своите приоритети за ова лето

Мурињо на челниците на Јунајтед им ги соопшти своите приоритети за ова лето

Кормиларот на „Црвените ѓаволи“ сака да го заврши трансферот на напаѓачот од мадридски Реал, Алваро Мората во текот на оваа недела, се со цел да го има на располагање веќе в сабота во тренинг центарот.

Менаџерите на Мората во понеделникот во Мадрид разговараа со челниците на кралскиот клуб околу иднината на својот клиент, но неопходно е Јунајтед да покрене поголема иницијатива.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мурињо кон крајот на изминатата сезона со извршниот потпретседател, Едо Вудворд ги одреди позициите во тимот кои сака да ги засили, но засега од сите приоритети пристигна само Виктор Линделоф од Бенфика. И додека, „Специјалниот“ сака засилување пред екипата да ја поведе на тронеделната турнеја, ќе мора да почека и останатите клубови прво да ги донесат своите засилувања, па потоа да купува.

Челси преговата со Монако околу трансферот на играчот за врска Бакајоко, а заклучокот од тој договор би ја отворил вратата за Немања Матиќ на „Олд Трафорд“. На Јунајтед му е потребен и шпиц во нападот, особено по заминувањето на Златан Ибрахимовиќ, а бидејќи иднината на Руни е под знак прашалник, Алваро Мората им е неопходен во овој момент.

Сепак, Руни би можел да го напушти „Олд Трафорд“ до 31. август доколку се доведат нови засилувања, а Евертон се споменува како потенцијален нов тим за искусниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…