Жозе Мурињо даде свое видување за назначувањето на Микел Артета на кормилото на Арсенал и неговата изјава веднаш стана хит на Островот.
Португалецот е зачуден што елитен тим како Арсенал се одлучи да му даде шанса на Артета, на кого ова ќе му биде прво тренерско искуство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Единствена смисла во потегот на Арсенал која можам да ја најдам, меѓу останатото, а на што може да се насмееме, е тоа дека претходно најдобрите тренери беа оние со најмногу победи. Денеска најдобри се оние со најмалку порази“, истакна Мурињо.
„Погледнете го само Анчелоти, човекот има 3 титули во ЛШ, освојуваше и купови и победуваше каде и да работеше. Денеска очигледно не се гледа колку се победува, туку колку пати сте изгубиле, па излегува дека најдобри тренери се оние со 0 порази. Единствената причина што ми паѓа на ум е дека челниците го гледаат резимето на менаџерите и гледаат само кои имаат повеќе порази и кои помалку порази. Па затоа на менаџерите со помалку порази им ја даваат работата. Не гледам друга причина“, изјави Мурињо.