Дома Фудбал Англија Мурињо на својот играч за Божиќ му испратил – печено прасе!

Мурињо на својот играч за Божиќ му испратил – печено прасе!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо уште еднаш покажа дека е помеѓу најлудите тренери на денешницата.

Контроверзниот менаџер овој пат го изненадил бекот на „петлите“ Серхио Регулион. Жозе се погрижил играчот да има убав Божиќ и му испратил печено прасе.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Жозе знаеше дека сум сам дома, имавме тренинг, а кога дојдов дома ме дочека изненадување. Видов кутија и кога ја отворив во неа имаше печено прасе и порака. “На пораката пишуваше: Знам дека си сам, па не мораш ништо да спремаш само ужива“. Ова се детали кои луѓето не ги гледаат кај Мурињо, меѓутоа за нас играчите се многу важни“, изјави Регулион.

Ќе потсетиме, претходно Мурињо имаше облог со Регулион кој го изгуби и му подари шунка од 500 долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ова е причината поради која Чави реши да остане во Барселона

Чави и понатаму останува тренер на Барселона. Претходно оваа сезона Чави најави дека ќе го…