На конференцијата за новинари во Манчестер пред натпреварот против Јувентус најмалку се зборуваше за Италијанците.
Како и што веќе навикнавме на конференцијата на Јунајтед внимание привлекуваа некои други работи, а една од таквите е судирот кој Жозе Мурињо го имаше со еден од помошниците на Маурицио Сари во претходниот дерби натпревар против Челзи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден од асистентите на Сари го прослави голот буквално пред Португалецот, на што Мурињо не можеше да се воздржи и тргна физички да се пресмета.
Мурињо и после натпреварот изјави дека добил извинување, а и оваа прилика ја искористи да истакне дека помеѓу нив нема „зла крв“.
„Не заслужува ништо повеќе од тоа што го доби, се извини и заслужува втора шанса. Призна дека погрешил и не сакам да бидам пречка во неговата кариера. Тоа е тоа“, заклучи „Специјалниот“.
Мурињо исто така потврди дека на утрешниот натпревар сигурно нема да настапи на Санчез, што и можеше да се очекува после проблемот кој Чилеанецот го направи денес.
Натпреварот на „Олд Трафорд“ се игра утре со почеток во 21:00 часот.