Дома Фудбал Мурињо: Најубаво ми беше во Реал, Роналдо е уникат!

Мурињо: Најубаво ми беше во Реал, Роналдо е уникат!

Жозе Мурињо имаше прилика да го води некои од најголемите клубови во Европа, но откри дека најдоброто го добил во Реал Мадрид.

„Во Реал Мадрид го имав најдоброто искуство поради тоа штп го научив таму како тренер и како човек. Тоа е најдобриот мој спомен од кариерата, беше фантастично. Кога пристигнав таму Барса беше најдобриот тим во светот и ми рекоа дека ситуацијата треба да се промени. Неколку пати Барса навистина на „прегази“, па трофејот во Купот на кралот беше најважен“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„После тоа ништо не беше исто. Го освоивме првенството и Суперкупот на Шпанија, но ништо не може да спореди со финалето во Купот. За жал не успеав да победам во трите полуфиналиња во Лигата на шампиони“, изјави Мурињо.

„Специјалниот“ потоа даде свој коментар за својот сонародник Кристиано Роналдо, со кого сорабтуваше во Реал Мадрид.

„На 34 години тој е топ играч, кој игра во топ тим и има топ амбиции. Не ме изненадува тоа што го прави Кристиано, бидејќи тој е уникатен случај по однос на генетика и психа. Тој е феномен кој е програмиран да победува“, истакна Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Преговорите започнале: Робертсон може да се врати онаму каде што ја почна кариерата!

Енди Робертсон се наоѓа на прагот на значајно враќање во клубот каде што ја започна својат…