Впечатокот е дека од Патрис Евра, Јунајтед не може да го пронајде вистинскиот играч за левиот бок на одбраната.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Така, во последните два преодни рока клубот од „Олд Трафорд“ често се доведува во врска со фудбалери кои го покриваат тоа место, а според зборовите на Жозе Мурињо, решението е пронајдено веќе во постојаниот ростер.
Во прашање е Лук Шо, кој уште во 2014. година стигна во Јунајтед од Саутемптон, но поради повреди пропушти голем број на мечеви и често се зборуваше дека би можел да го напушти Манчестер.
Сепак, во последно време е стандарден одигра 10 дуели во последните два месеци, речиси секојпат на теренот е 90 минути, а Мурињо посебно го радува тоа што ги избегнал помалите повреди и верува дека Шо ќе биде фудбалер на Јунајтед уште долга низа години.
„Веќе неколку месеци нема проблеми со помалите повреди кои можат да му попречат на играчот и сум многу среќен. Мислам дека тој ќе биде уште долго играч на Манчестер Јунајтед“, истакна Мурињо.