Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ќе биде присутен на Светското првенство што ќе се игра во Русија, но не како тренер туку како соработник на телевизијата „Раша тудеј“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Португалскиот фудбалски стратег потпиша едно месечен договор со телевизијата каде што ќе дава стручни анализи и коментари во специјални емисии поврзани со Мундијалот.
„Многу сум среќен што можам ќе работам за РТ. Со нетрпение чекам да одам во Русија ова лето и да го споделам моето мислење за фудбалските натпревари, изјави Мурињо, кој исто така ќе има колега во своите анализи.
Тоа ќе биде поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел, кој од порано е во тимот на „Раша тудеј“.