Мурињо денес ја имаше првата пресконференција како менаџер на Тотенхем на која се определи себе си како скромен човек и вети дека нема да го менува стилот на игра на „спарси“.
„Пред да почнеме, морам да го споменам Маурисио и да му честитам за сработеното. Морам да го споделам со вас она што веќе е споделено внатре во клбот. Тотнем секогаш ќе биде негов домот, тренинг центарот секогаш ќе биде негов. Може да се врати кога сака, доколку му недостасуваат играчите, доколку му недостасуваат луѓето со кои работел , вратите секогаш се отворени за него“, истакна Мурињо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Среќен сум и убеден дека направив одличен избор. Потенцијалнот на клубот е огромен, на играчите исто така. Знам дека потенцијално имаме одлична екипа. Оваа сезона не можеме да ја освоиме титулата. Но, следната сезона мислам дека ќе бидеме спремни за титулата, иако не викам дека ќе ја освоиме. Јас сум скромен, доволно скромен за објективно да ја анализирам мојата кариера. Јас сум во период кога не се работи за мене, туку се работи за клубот, за фановите, фудбалерите. Не за мене. Јас сум тука да се обидам да им помогнам на сите“, додаде Португалецот.
На крајот Мурињо беше запрашан за изјавата која ја даде во 2015 година како менаџер на Челзи, дека никогаш нема да седне на клупата на Тотенхем.
„Тоа беше пред да добијам отказ“, низ смеа одговори Мурињо.
? – 2015 – Jose Mourinho says 'I love Chelsea fans too much' to manage Tottenham
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) November 21, 2019
? – 2019 – Jose Mourinho is appointed Tottenham manager…?
Mourinho was questioned on this in today's press conference but, as always, he answered in style! ??
Recap: https://t.co/2FsgCbvB3D pic.twitter.com/ks4ge3bp1h