Дома Фудбал Англија Мурињо: Марсијал е спремен, за Лукаку не знам!

Мурињо: Марсијал е спремен, за Лукаку не знам!

Менаџерот на Манчестер Јунатед, Жозе Мурињо откри дека дури во последниот момент ќе одлучи дали голгетерот Ромелу Лукаку ќе игра на утрешното финале против Челзи.

Белгиецот е надвор од терените во последните три недели поради повреда на коленото, а добрата вест е што Марсијал ќе биде спремен за игра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Марсијал е спремен. За Лукаку треба да почекаме до послдниот момент. Не сакам да ве лажам, да речам дека нема да игра, а потоа да истрча на терен. Затоа треба да почекаме“, изјави Мурињо.

„Нема да ја анализирам сезоната врз основа на еден натпревар, дури и ако тој е толку важен. Знам што направија играчите, знам колку труд потрошија. Јасни ми се сите позитивни и негативни нешта од оваа сезона. Мојата анализа нема да се смени само врз основа на финалето“, заклучи Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италијанците убедени: Се е завршено – Јувентус има нов тренер!

Јувентус пред пет дена одлучи да го отпушти Масимилијано Алегри (56), а негов наследник ка…