Дома Фудбал Англија Мурињо лут на двајцата Белгијци: Не можам да го натерам Лукаку да игра

Мурињо лут на двајцата Белгијци: Не можам да го натерам Лукаку да игра

Како што пренесуваат медиумите на Островот после поразот од Челзи во финалето од ФА Купот Жозе Мурињо е лут на двајцата Белгијци од својот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мурињо прво изјави дека Челзи не го заслужил трофејот поради дефанзивната игра што предизвика смеа на Островот, но на крајот најмногу е лут на своите играчи.

Поточно на двајца кои тврдеа дека се повредени и дека не можат да играат.

„Не можам да го натерам Лукаку да игра, ако ми каже дека не е спремен“, изјави Мурињо.

Англиските медиуми исто така пишуваат дека е бесен и на Фелаини, тој смета дека и двајцата не сакале да играат поради Мундијалот кој е се поблиску.

Се наведува дека Мурињо е до толку лут на Фелаини што преговорите за нов договор биле прекината, иако претходно токму Португалецот тврдеше Фелаини е важен дел од неговиот тим и дека сака да остане.

Дека Фелаини може да замине потврдуваат и италијанските медиуми кои додаваат дека Белгиецот преговара со Милан. Освен италијанскиот гигант за Фелаини интерес покажаа уште Галатасарај и Фенербахче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…