Мурињо одлично ја започна својата авантура на кормилото на Тотенхем, но сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
Англиските медиуми тврдат дека раководството ќе му ја исполни желбата на Мурињо, иако не планира да прави големи трансфери во јануари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поразот од Челзи пред неколку дена на домашен терен покажа дека тимот на Мурињо е „ранлив“ и дека му се потребни засилувања.
Медиумите на Островот откриваат дека најголема желба на „спарси“ во зимскиот преоден рок ќе биде играчот на Вест Хем, Иса Диоп.
Овој 22-годишен Французн беше на мета на Мурињо уште додека го водеше Манчестер Јунајтед, па сега сака да го донесе во Тотенхем.