Дома Фудбал Останато Мурињо критикува: Вакво нешто никогаш не ми се случило во кариерата

Мурињо критикува: Вакво нешто никогаш не ми се случило во кариерата

Eкипата на Фенербахче беше поразена во дербито со Галатасарај од турската Суперлига, а неколку дена по овој натпревар Жозе Мурињо испрати критики до организаторите на оваа средба.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Критиките Мурињо го испрати поради прес-конференцијата за која како што вели Мурињо морал да чека повеќе од еден час.

„Во мојата 24-годишна кариера никогаш не сум избегнал прес-конференција, посебно не би го направил тоа по пораз. Не се плашам од новинарски прашања. Но, нема никаква смисла да се чека 75 минути, никогаш не ми се случило такво нешто.

Сакав да си заминам, меѓутоа не ми дозволија, морав да чекам повеќе од еден час. Нема никаква врска со резултатот, едноставно не е во ред, се покажува непочтиување“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…