Дома Фудбал Англија Мурињо и се закани на Премиер лигата: Пазете што одлучувате!

Мурињо и се закани на Премиер лигата: Пазете што одлучувате!

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо повторно е лут поради можното одложување на премиерлигашиот меч против Астон вила следната недела.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот од Бирмингем има големи проблеми со Ковид 19, има околу 10 играчи позитивни, па вечерва против Ливерпул ќе игра во ФА-купот со младинци.

Мурињо пред Нова година беше нервозен поради одлуката за откажување на мечот против Фулам, зашто се чекаше до самиот почеток пред да се соопшти дека натпреварот е откажан.

Сега изврши притисок врз Премиерлигата и им порача на раководните луѓе да внимаваат какви одлуки ќе донесат.

„Премиерлигата мора да покаже лидерство, да донесе разумна одлука. Не смее да не стави во невозможна позиција, не смее да не казни. Доколку не играме против Астон Вила, ќе имаме три одложени меча, и со оглед на тоа дека играме во Европа, ќе биде невозможно да се направи распоред“, порача Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кињонес го постигна третиот најбрз гол во отворачки натпревар на Мондијалот

Напаѓачот на Мексико Хулиан Кињонес го разбуди стадионот „Ацтека“, постигнувајќи го првиот…