Дома Фудбал Италија Мурињо и помошниците жестоко казнети

Мурињо и помошниците жестоко казнети

Жозе Мурињо доби два натпревари суспензија и парична глоба од 20.000 евра поради навреди кон судијата Лука Паирето на дуелот против Верона.

Мурињо му порача на судијата Паирето, со контроверзен гест на телефонски повици: „Те пратија овде намерно, те испрати Јувентус“. 


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Тоа е јасна асоцијација за аферата Калчополи, во која биле поврзани таткото на судијата, исто така делител на правдата Пјерлуиџи Паирето.

Помошникот на Жозе Мурињо, Луис Да Коста Нуно Сантош исто така доби два натпревари суспензија, додека пак фитнес тренерот Стефано Рапети доби еден натпревар суспензија и парична глоба од 5.000 евра.

Казна заработи и спортскиот директор Тиаго Пинто, тој ќе биде суспендиран до 8 март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…