Дома Фудбал Италија Мурињо и Интер – по 13 години повторно заедно?!

Мурињо и Интер – по 13 години повторно заедно?!

Жозе Мурињо и Интер повторно заедно по 13 години – дали е реално?

Италијанската „Република“ денес објави ексклузивна информација за потенцијално враќање на Жозе Мурињо на „Џузепе Меаца“. Наводно управата на „нероаѕурите“ не е задоволна од Симоне Изнаги кој не успеал да ги убеди дека е вистинска замена за Антонио Конте.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По освоеното Скудето со Конте, Интер ја препушти титулата на Милан, а сега најверојатно ќе ја освои Наполи и во Интер сметаат дека е време за промени.

Мурињо се споменува како опција затоа што Италијанците сметаат дека неговата иднина во Рома е неизвесна. Португалецот никогаш не ја криел својата љубов кон Интер и секогаш со многу емоции зборуваше за времето во Милан.

Со Интер Мурињо во таа 2010 година со Горан Пандев во составот освои „триплета“ – Лига на шампиони, Скудето, Копа Италија. Сега ситуацијата во клубот е поинаква и ако се врати ќе мора сериозно да се потруди да го врати овој тим во врвот на европскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…