Дома Трансфер зона Мурињо има нова мета: Тргнува по потписот на „недопирливот“ од Мадрид

Мурињо има нова мета: Тргнува по потписот на „недопирливот“ од Мадрид

Жозе Мурињо сака нов дефанзивец во тимот, а сега има нова мета.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мурињо би сакал дополнително да го засили тимот со цел да биде конкурентен на актуелниот шампион во Премиер лигата Манчестер Сити.

Покрај дефанзивец, Португалецот е во потрага и по едно крило.

Веќе пристигнаа Фред и Далот, но тоа не се засилувања какви што очекуваат навивачите, се чекаат звучни имиња. Во дефанзивата се споменуваа Алдервилд, Бонучи и Павар, а сега се споменува и Рафаел Варан.

Како што пишува „Мундо Депортиво“, Варан би бил засилување од „соништата“ за Мурињо.

Францускиот дефанзивец неодамна го освои Мундијалот со репрезентацијата. Во минатата сезона одигра 41 натпревар за Реал Мадрид и уште седум за Франција на Светското првенство.

Варан би бил идеално засилување за Мурињо и во тоа нема никакви дилеми, но исто така тој е тешка мисија и во овој момент не изгледа реално, Перез да се согласи на продажба на еден од своите најважни играчи.

Шпанските медиуми пишуваат дека Варан е недопирлив и дека не постои понуда која би била прифатена за овој 25 годишен дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…