Жозе Мурињо можеби ја заврши мисијата во Европа и време е за богатата Азија.
Жозе Мурињо не успеа да и го донесе на Рома европскиот трофеј бидејќи „вечниот освојувач“ на Лига Европа Севиља славеше по подоброто изведување пенали, за седми пехар во ова натпреварување во исто толку финалиња.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Иако сме навикнати да гледаме како Мурињо победува во финале, овојпат не се радуваше и по добивањето на утешната награда реагираше неспортски.
Тој веднаш го симна медалот и им го фрли на навивачите во публиката…
„Реков дека ќе заминеме одовде со пехарот или ќе заминеме мртви. Па, ние сме мртви… Ние сме физички уморни, психички уморни, мртви сме затоа што сметаме дека тоа е неправеден пораз поради многу ситуации за кои може да се разговара. Мртво уморни сме, но горди сме на се“, изјави Жозе Мурињо.
Иако очигледно беше лут поради поразот, па поради тоа го фрли медалот во публика, Мурињо изјави дека никогаш при поразот не ја губи својата професионалност или достоинство, па и покрај тоа гордо се враќа од Будимпешта, додека за својата иднина ќе одлучува до понеделник бидејќи за него има заинтересирани и прашање е дали ќе продолжи да ја води Рома.
„Одам на одмор во понеделник. Ако имаме време да разговараме за тоа пред понеделник, ќе го направиме. Ако не, ќе одам на одмор и ќе видиме. Морам да се борам за овие момци, не можам објективно да кажам дека останувам.
Јас сум сериозен човек, им кажав на сопствениците пред неколку месеци дека тие ќе бидат првите што ќе дознаат дали имам контакт со други клубови. Отсекогаш сум бил искрен и директен“, рече Мурињо и изјави дека моментално нема никакви понуди, а претходно ја одбил Португалија.