Дома Фудбал Лига на шампиони Мурињо знае зошто Јувентус беше елиминиран од Ајакс

Мурињо знае зошто Јувентус беше елиминиран од Ајакс

Жозе Мурињо моментално е без ангажман после отказот во Манчестер Јунајтед, но будно ги следи случувањата во европскиот фудбал.

„Специјалниот“ даде свој коментар после елиминациите на Јувентус и Манчестер Јунајтед во Лигата на шампиони од Ајакс односно Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мурињо оваа сезона го победи Јувентус во Торино со „црвените ѓаволи“ и знае која е причината за елиминацијата на „старата дама“ од Ајакс.

„Се сеќавам дека го победивме Ајакс во финалето од Лига Европа со јака физичка игра. Едноставно, не им допуштивме да се разиграат бидејќи тогаш се многу опасни. Токму тоа го дозволи Јувентус и мислам дека немаше голем респект кон Ајакс, го потцени, а тоа на крајот скапо го чинеше италијанскиот тим“, изјави Мурињо.

Секако, Португалецот даде свое видување и на играта на Манчестер Јунајтед, која ја опиша со еден збор „грозно“.

„Јунајтед прави многу грешки, одбранта беше грозна. Погледнете ги само головите на Кутињо и Меси. Јунајтед во првиот натпревар играше добро во средниот ред. Овде покажаа еден друг начин на игра со Џеси Лингард зад напаѓачите. Во дефанзивата остана само Фред, а тоа е позиција каде што Меси е најсилен“.

„Едноставно немаш што да правиш кога тој ќе ја добие топката. Никогаш не сум сакал еден човек да го чува Меси. Потребен е кафез за да биде запрен“, изјави Мурињо, а потоа заклучи:

„Барселона е Барселона. Подобри беа од Манчестер Јунајтед. Имаат подобри играчи во овој момент и сметам дека е сосема нормално што се пласираа во следната фаза“, истакна Жозе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Карагер „удри“ по ѕвездата на Ливерпул: Треба да биде продаден, тој не е играч за ова ниво!

Фудбалерите на Евертон остварија голема победа во 29. коло од англиската Премиер лига, тие…