Дома Фудбал Англија Мурињо зборуваше за проблемите во Јунајтед: Дали Погба е најголемиот виновник?

Мурињо зборуваше за проблемите во Јунајтед: Дали Погба е најголемиот виновник?

Набрзо откако се појавија проблемите меѓу Погба и Мурињо, „Специјалниот“ доби отказ на Олд Трафорд, а неговото место го превзема Оле Гунар Солскјер.

Сега, Жозе Мурињо повторно зборуваше за своето време на Олд Трафорд, а одговори и на прашањето дали бил жртва на судирот со Пол Погба.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мурињо на ова прашање одговори негативно, но сепак порача дека на Олд Трафорд и натаму има многу проблеми.

„Не. Таму имаше проблеми. И сами можете да замислите дека проблем беа играчите, организацијата, па и амбицијата.“ – изјави Моу за Л’екип и додаде:

„Можам само да кажам дека не можам да кажам “да“ кога ме прашувате дали Погба беше одговорен за проблемите.“

Португалскиот стручњак очигледно смета дека челниците на Јунајтед се уште не направиле ништо за проблемите кои се присутни.

„Не го анализирам често јавно Манчестер Јунајтед. Не сакам за тоа да зборувам, а имам чувство дека за тоа нема ни потреба, времето ќе каже се.“

„Кога Јунајтед е во прашање сакам да кажам само две работи. Едната е дека времето го кажа своето, а другата е дека проблемите се сеуште тука.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …