Дома Фудбал Италија Мурињо за својата иднина: Јас и фудбалерите заслужуваме повеќе

Мурињо за својата иднина: Јас и фудбалерите заслужуваме повеќе

Жозе Мурињо вчера беше поразен со Рома во финалето од Лигата на Европа на пенали против Севиља, а уште пред овој натпревар се најавуваше можно заминување на Жозе Мурињо.

На прес-конференцијата Мурињо порача дека за да остане потребно е клубот да му обезбеди поголема финансиска поддршка. Минатото лето Рома имаше буџет од само седум милиони евра за трансфери што во денешниот модерен фудбал е дури смешна.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Имам желба и сакам да останам во Рома, но моите фудбалери заслужуваат повеќе, исто така и јас. Сакам вистински услови за да можам да го дадам најдоброто. Во понеделник одам на одмор, ако имаме време ќе зборуваме за мојата иднина, доколку не, ќе видиме потоа. Треба да се борам за момците и не можам да кажам дека сигурно останувам“,.

„Пред неколку месеци на сопствениците им кажав дека ако сум во контакт со други клубови, тие ќе бидат првите кои ќе знаат. Секогаш сакам да сум искрен. Последениот разговор за мојата иднина беше во декември кога имав понуда од португалската репрезентација“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Тажен сум“ – Милан со еден потег го разочарал Хрватот Бобан

Милан ќе го прослави јубилејот за време на натпреварот со Џенова во Серија А, а Хрватот Зв…