Дома Фудбал Англија Мурињо за Клоп: Смешно е како го менува мислењето!

Мурињо за Клоп: Смешно е како го менува мислењето!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо го „боцна“ колегата од Ливерпул, Јирген Клоп, за трансфер политиката на „црвените“ ова лето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ливерпул до сега потроши околу 170 милиони фунти, притоа Алисон го направи најскапиот голман во историјата на фудбалот.

„Мислам дека ако имаш пари сега, подобро е да инвестираш, отколку да ги држиш во банка. Проблемот е што мора да се инвестира добро. Всушност, мислам дека Ливерпул го направија тоа добро, бидејќи привлекоа квалитетни играчи. Драго ми е за нив“, изјави Португалецот, прашан за трансферната политика на Ливерпул.

„Исто така забавно ми е да гледам како еден човек (Клоп) така го променува мислењето. Навистина смешно. Тие инвестираа не само ова лето, претходната година, исто така, во јануари. Тие веројатно ќе бидат рекордери во Премиер лигата оваа сезона“, додаде Мурињо, алудирајќи на изјавата на Клоп од пред две години кога го критикуваше трансферот на Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мундијалот уште не почнал, а Нејмар го загрижи Анчелоти – не се појави на првиот тренинг!

Цел Бразил беше во екстаза кога Карло Анчелоти реши да го повика Нејмар за претстојниот Му…