Дома Фудбал Англија Мурињо за жал ги потврди лошите вести од Јунајтед

Мурињо за жал ги потврди лошите вести од Јунајтед

Португаолецот потврди, Златан Ибрахимовиќ нема да го гледаме во групната фаза од елитното натпреварување оваа сезона.

Ибрахимовиќ оваа недела потпиша нов едногодишен договор со Јунајтед, а уште закрепнува од повредата на коленото.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Мислам дека Златан нема да учествува во групната фаза. Мислам дека за тоа нема никакви шанси. Дали имаме место за него во екипата за ЛШ? Да, имаме. Се надевам дека ќе игра во нокаут фазата, но прво мораме да освоиме едно од првите две места во групата“, истакна Мурињо пренесува „Скај“.

Ибрахимовиќ изминатата сезона во 46 натпревари постигна 28 погодци за Јунајтед, а сезоната ја заврши поради сериозна повреда на коленото.

Мурињо истакна дека не знае кога Ибрахимовиќ би можел да се врати на терен.

„Не сакам да мислам на тоа. Дури и не прашувам. Не разговарам за тоа со него, ниту со лекарскиот тим. Мислам дека нема дополнетелно во вториот дел од сезоната. Трееба да го пуштат да работиме, да оди чекор по чекор, па ќе се врати кога ќе биде подготвен“, наведе Португалецот.

Мурињо додаде дека е среќен што Ибрахимовиќ ќе остане на „Олд Трафорд“.

„Тоа ми покаѓува две работи, димензиите на фудбалерите и демензијата на клубот. Тој лесно може да каже дека му е доста, беше доста успешен со Манчестер Јунајтед, доживеа тешка повреда и може да замине. Тој не сака тоа да го направи, тој сака да ги следи своите соништа и да игра фудбал на највисоко ниво. Клуб како Манчестер Јунајтед детално мора да покаже колку е голем, а ова е голем детал. Фудбалерот се повреди во Јунајтед, се бореше, клуб мора да се најде и задоволен сум“, заклучи Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Уникатен светски рекорд на Родри – една година без пораз!

Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола го истакна Родри како најдобар фудбалер на Манчестер Сити…