Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо призна дека овој Божиќ му е најтежок во животот и дека е под силни емоции.
Имено, пред шест месеци почина неговиот татко Жозе Мануел Мурињо Феликс кој некогаш беше голман. Мурињо призна дека се уште ја нема прифатено неговата смрт, а дека овој Божиќ дополнително му ја отежнал ситуацијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ова е прв Божиќ без мојот татко и верувам дека токму овој празник е мојот најтежок во животот. Се уште не знам како да прифатам дека татко ми почина. Денешниот празник тоа само дополнително го отежна“, изјави Мурињо.