Мурињо денес ја имаше првата пресконференција како менаџер на Тотенхем на која откри дека добил многу честитки од својот поранешен клуб.
Тотенхем ќе биде третиот клуб за Мурињо во Премиер лигата. За разлика од Челзи каде оствари историски успеси, во Манчестер Јунајтед имаше неуспешна авантура и доби отказ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, очигледно останал во добри односи со луѓето од клубот, кои му испратиле 50 пораки со кои му посакале успеси.
„Вчера добив 50 пораки од Манчестер Јунајтед, од играчите, пресоналот, управата, и тоа многу ми значи. Тоа зборува за почитта која ја имаат луѓето таму. Манчестер Јунајтед го окупираше моето срце дури и со работите во кои не уживав премногу. Но таму премногу ги сакав навивачите и луѓето кои работеа во клубот“, изјави Мурињо за англиските медиуми.