Дома Фудбал Англија Мурињо: Да игравме и 10 часа немаше да постигнеме гол

Мурињо: Да игравме и 10 часа немаше да постигнеме гол

Манчестер Јунајтед беше поразен во вчерашниот натпревар против Њукасл (1:0), а после натпреварот Жозе Мурињо беше искрен и ја критикуваше играта на своите избраници.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


После минималниот пораз од Њукасл „црвените ѓаволи“ заостануваат 16 бодови зад лидерот Манчестер Сити.

Фудбалерите на Јунајтед имаа дури 13 удари кон голот, но сепак не успеаа да го пронајдат пато до мрежата на противникот.

„Можевме да помине и 10 часа на теренот и не би постигнале гол. Тие постигнаа гол после наша грешка. Сигурно се чуствуваат одлично бидејќи дадоа асполутно се од себе“, изјави Мурињо.

Искрен беше и дефанзивецот Фил Џонс.

„Започнавме бавно, не бевме доволно добри“, кратко изјави Џонс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Атлетико се насочиле кон солидно име за замена на Гризман

Раководството на Атлетико Мадрид сериозно ја разгледува можноста да го ангажира Бернардо С…