Дома Фудбал Останато Мурињо го сруши рекордот на легендарниот Фергусон

Мурињо го сруши рекордот на легендарниот Фергусон

Рома синоќа со 2:1 славеше на гостувањето кај Хелсинки, победа која посебно му е значајна на португалскиот стратег Жозе Мурињо.

За Мурињо, триумфот над Хелсинки беше вкупно 107-ми во европските купови, оставајќи го зад себе Фергусон на 106 победи. Веднаш зад Ферги е актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, со 105 победи во еврокуповите.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Освен со Рома, Мурињо во европските купови има победи и како предводник на Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Jунајтед и Тотенхем.

Со Порто и Интер стигна и до трофејот во Лигата на шампионите во 2004 и 2010 година, додека со Манчестер Jунајтед ја освои Лигата на Европа, а минатата сезона со Рома се радуваше на пехарот во Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите на Јувентус жестоко го навредија Влаховиќ, па тој одговори на Инстаграм

Навивачите на Јувентус не се задоволни од настапите на нивниот напаѓач и српски репрезента…