Дома Фудбал Англија Мурињо го потврди трансферот на Санчез: Нема зошто да криеме!

Мурињо го потврди трансферот на Санчез: Нема зошто да криеме!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ја коментираше трансферната сага помеѓу „црвените ѓаволи“ и Арсенал во која се вклучени Алексис Санчез и Хенрих Михтаријан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Португалецот потврди дека преговорите се во напредната фаза и истакна дека нема потреба да се крие и негира.

„Нема ништо ново. Сите знаат каква е ситуацијата во која се наоѓаме, особено после изјавата на Венгер. Нема смисма да криеме и одрекуваме. Меѓутоа се уште зделката не е комплетирана, во овој момент Михтаријан е наш играч, а Алексис е фудбалер на Арсенал“, истакна Мурињо.

„Луѓето мислат дека менаџерите се одговорни за трансферите, но вистината е дека не е така. Јас сум спокоен и само чекам нови вести, ништо повеќе од тоа. Меѓутоа, јас сакам да ја исклучам таа ситуација и да се насочам кон утрешниот натпревар“, додаде Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

От Челси веќе избрале можен заменик на Кукурея

Челси покажува сериозен интерес кон левиот бек на Јувентус, Андреа Камбиазо. Зошто проблем…